| четврток, 6 декември 2018 |

Ивона Талевска на чело на МАН (ФОТО)

Ивона Талевска од денеска ќе раководи со Македонската асоцијација на новинари. Таа беше избрана едногласно на вонредно собрание на Македонската асоцијација на новинари свикано поради оставка од лични причини на старото раководство, генерален секретар Драган Павловиќ Латас, а претседател Слаѓана Димишкова. Талевска беше  најави дека ќе се залага за стандарди во новинарството, правна и социјална заштита, за независен јавен сервис, а истовремено ќе го чисти пазарот од, како што рече, надрипортали, кои го уништувале стандардот во новинарството, а го ситнеле и маркетинг-колачот.

Преку здружението ќе се залагала и за воведување минимална плата кај новинарите и медиумските работници, како и за дополнително осигурување за репортерите, новинарите и снимателите.

За нов генерален секретар е избран Александар Михаилов, од порталот Весник.мк. Цветин Чилиманов и Ѓеорги Какашевски се избрани за потпретседатели.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top