Минатата година Боро Стојчев стана градоначалник а синоќа заврши во полиција, поради шверц со цигари.
МВР соопшти дека бил приведен синоќа, а време на полициската акција имало и вооружена престрелка a според првичните информации биле запленети два џипа со цигари.
Тој во имотниот лист не пријавил ниту автомобили, ниту куќа на негово име а од недвижен имот има земјиште во Ново Коњарево, кое според анкетниот лист го стекнал од наследство.
Стојчев кој дел од петмината уапсени во полициската акција, пријавил дека во Ново Коњарево има куќа, која е на име на неговите деца и истата е проценета на 25 милиони денари, од 1.100 метри квадратни, исто така стекната од наследство.
Како што се забележува од анкетниот лист Стојчев на свое име пријавил лизинг, на име на брачниот другар 70 сандаци со пчели, а на име на родителите 71 крава.
На свое име нема возило ама затоа на име на брачниот другар пријавил две.
Ландровер дискавери и Митсибуши галопер, на име на деца, уште едно Митсибуши, а на име на родителите две возила Сузуки. На име на родителите и брачниот другар Стојчев пријавил земјиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст