
Милиони Французи вчера долго во ноќта ја славеа победата на својата репрезентација во полуфиналето на Светското првенство во Русија против Белгија. Шанзелизе беше преполн со навивачи кои по победата и пласманот во финалето, во кое ќе играат против Англија или Хрватска, излегоа на улиците и плоштадите, со развеани француски знамиња.
Но славењето на улиците на Париз отиде предалеку и на крајот дојде до судири меѓу разузданите навивачи и интервентната полиција. Полицијата употреби и солзавец за да ја разбрка толпата која дивеше во центарот на престолнината, а навивачите гаѓаа со факели, шишиња, камења и сѐ што ќе им се најдеше при рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


