| четврток, 6 декември 2018 |

Русија враќа со иста мерка, протерува двајца грчки дипломати

Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе врати со иста мерка на одлуката на Грција да протера двајца руски дипломати, пренесува агенцијата Интерфакс.

Претходно грчките медиуми пренесоа дека Атина одлучила да протера двајца руски дипломати и воедно да забрани влез на уште двајца поради активностите кои не биле во согласност со нивниот статус.

Според „Катимерини“ руските дипломати се обиделе да го „растурат“ договорот меѓу Атина и Скопје за името.

 

Грција протера руски дипломати поради мешање во договорот за името

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top