| четврток, 6 декември 2018 |

Започна Самитот на НАТО

Претседатели и премиери на држави членки на НАТО денеска и утре ќе одржат Самит во Брисел. На истиот ќе присуствува и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој ќе бара издвојување повеќе пари за одбрана.

Вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека само неколку земји издвојуваат по 2% од БДП за одбраната и тоа САД, Велика Британија, Грција, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија.

На самитот на НАТО, членките се очекува да донесат одлуки за командната структура на Алијансата која треба се зголеми за 1200 лица. Членките на НАТО треба да донесат и одлука за почеток на преговори за членство на Македонија во Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top