| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватските навивачи отпатуваа за Москва со најголемиот патнички авион што воопшто слетал во Хрватска

На вечерашниот натпревар на хрватската фудбалска репрезентација во полуфиналето на Светското првенство (СП) против Англија, во Москва, од Загреб навивачите патуваат од синоќа во шест чартер летови. Вкупно ќе отпатуваат околу 1.500 навивачи.

Првиот лет бил синоќа во 20,50, а последниот, најголемиот со 450 патници заминал во 9,30 часот.

Една од туристичките агенции која го организира патувањето на хрватските навивачи во Москва го закупила и големиот патнички авион Боин 777-300ЕР кој од загребскиот аеродром кон Русија полетал со 457 навивачи. Овој авион е најголем патнички авион кој воопшто слетал во Хрватска.

Меѓу навивачите кои ќе ги бодрат фудбалите во Москва се и премиерот Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ и министрите Марко Павиќ и Здраво Мариќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top