Со Хрватска денеска ќе владее потпретседателот на Саборот Жељко Рајнер, со оглед на тоа дека највискиот државен врв не е во земјата.
Претседателката Колинда Грабар Китаровиќ учествува на самитот на НАТО во Брисел, а премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Саборот Горан Јандроковиќ со уште двајца министри ќе ја бодрат хрватската репрезентација во полуфиналето на СП во фудбал вечерва во Москва (20 часот). Хрватска игра против Англија.
Според Уставот на Хрватска, претседателот, во случајот на отсустност, болест или годишен одмор може да го овласти претседателот на Саборот да го замени. А бидејќи Јандроковиќ ќе биде во Москва, раководењето со државата ќе го презеде првиот после него во хиеархијата, Рајнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.