Едно лица загина, а 20 други се повредени денеска при уривање на патнички чартер авион во близина на главниот град на Јужна Африка, Преторија, соопшти локалната служба за справување со вонредни состојби.
Во соопштението се посочува дека неколкумина од повредените лица при падот на авионот се наоѓаат во критична состојба.
Авионот се урнал во близина на аеродромот во Вондербом.
Службата претходно информира дека не е познато колку точно лица имало во авионот во време на уривањето.
Причините за падот на авионот засега не се познати, а властите започнаа истрага за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст