Во Куќата на Уранија во Охрид со изложба на завршни проекти од работата на младите архитекти на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“ се заокружи седумдневниот проект, Меѓународна летна архитектонска школа насловена како ,,Архитектурата како перформанс“.
Проф. д-р Кокан Грчев од Факултетот за архитектура и дизајн на „Американ колеџ“ во Скопје вели дека работејќи во континуитет на концептот на интегрирано архтектонско образоване, Факултетот за архитектура и дизајн одлучил да дејствува во рамките на афирмација, промоција и актуализирање на креативните индустрии во Република Македонија.
-Ако при самото почнување на летната школа имавме некакви поставени цели, сега на самиот завршеток, сумирајќи ги резултатите, можеме да кажеме дека во потполност ја остваривме својата мисија, одговоривме на прашањето дали и како можеме да гледаме на архитектурата како перформанс, зошто културата и идентитетите на малите места се работа за која постојано треба да се размислува и зошто и културното наследство и сите други феномени кои произлегуваат од тоа се важни за создавање на чуството на современиот културен идентитет – потенцита Грчев.
Со овој настан, со кој се афирмираат и промовираат креативните индустрии во Република Македонија, Охридско лето ги отвори вратите за ,,Креативен Охрид,, Имено од девет изработени идејни решенија беа избрани најдобрите три кои пак ќе преставуваат можност за новиот лик на три локации, Долни Сарај, плоштадот кај чинарот и училоштето Свети Сава.
-Со Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн започна реализацијата на идејата, Фестивалот Охридско лето да живее преку цела година односно да има активности и надвор од традиционалната уметничка рамка 12 јули – 20 август. Креативно Охридско лето го отворивме со најголем оптимизам но сега кога гледаме како сето тоа се реализира не обврза да размислуваме уште сега за идната година, истакна директорката на Охридско лето Елизабета Јанкуловска.
Низ концептот на креативните индустрии 30 студенти работеа на трите локации создавајќи креативна културна патека низ оние места кои се подзаборавени и од самите охриѓани.
-Идејата започна токму минатата година и навистина е успех што токму сега стана реалност. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиционален и секоја година ќе ја гледаме креативноста во архитектурата и дизајнот, истакна директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.
На презентацијата беа доделени и сертификати и благодарници а настанот беше збогатен со пригодна свеченост, камерен концерт, на терасата на куќата Уранија.
Меѓународната летна школа за архитектура се реализираше во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, а беше подржан и од Министерството за лултура на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст