| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски пред Собрание испрати последен поздрав за Саздо- запали свеќа и го остави дресот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со поранешниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски, пристигна на протестот „Правда за Саздо“ пред Собранието на РМ и испрати последен поздрав за Никола Саздовски- Саздо кој беше претепан до смрт пред десетина дена, а вчера им подлегна на повредите.

Мицкоски, запали свеќа и го остави неговиот дрес.

Инаку, граѓаните попладнево се организираа на социјалните мрежи да излезат на протест поради смртта на младиот Никола Саздовски-Саздо кој беше претепан пред десетина дена.

Имаше и повици, сите навивачки групи да се обединат и да застанат сложно во одбрана на „нашата татковина и од секојдневните напади кон сите нас и кон нашата земја“.

Саздо беше член на навивачката група Комити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top