| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на претепаното бебе е задржана во полиција, таа е главен осомничен?

Мајката на ѕверски претепаното 14 месечното бебе кое три дена е на КАРИЛ со тешки повреди е задржана во полиција, објави „1Тв“.

Според неофицијални информации  на „1ТВ“ таа е осомничена дека таа е насилникот кој нанел тешки телесни повреди на бебето. Мајката до доцна попладнето беше на распит во МВР.

Мајката (20) уште на почетокот давала контрадикторни изјави– дека бебето паднало од креветче, дека ги претепале роднини на сопругот кој е во затвор, за потоа да изјави дека насилникот е пријателот на сопругот кај кој таа живеела.

Детето има скршеници на двете нозе, крвавење во мозокот и скршеница на челната коска. Се претпоставува дека и претходно било малтретирано, бидејќи скршениците на нозете се стари две до три недели, исто колку и старата повреда на мозокот.

Од КАРИЛ  велат дека бебете е стабилно и подобро од вчера, но се уште е во опасност. Таа од денеска се храни нормално, добро напредува и ќе биде префрлена на детска хирургија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top