| четврток, 6 декември 2018 |

Колинда го пропушта полуфиналето против Англија

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ е најпопуларниот фан на националниот тим, но ќе го пропушти полуфиналето од Светското првенство против Англија во Москва во среда од 20 часот на „Лужники“.

Грабар-Китаровиќ има неодложни службени обврски, кои се совпаѓаат со натпреварот, соопштија од кабинетот на Претседателката.

Таа присуствуваше на два натпревари на Хрватите на Светското првенство. На 1 јули во Нижни Новгород таа ја проследи победата на пенали во осминафиналето против Данска (1:1 во регуларното време и продолженијата), а на 7 јули беше на трибините на стадионот во Сочи, каде повторно во „црвено-бел“ дрес го проследи успехот на репрезентацијата повторно на пенали, овојпат над домаќинот Русија (1:1 во регуларното време, 2:2 по продолженијата).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top