| четврток, 6 декември 2018 |

Почина лорд Карингтон

Поранешниот британски министер за надворешни работи и одбрана лорд Питер Карингтон почина денеска на 99 годишна возраст.

Еден од најистакнатите политичари на Конзервативната партија во поново време, Карингтон држеше повеќе ресори во конзервативните влади, и беше последниот жив член на еден од кабинетите на Винстон Черчил.

Лорд Карингтон поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи на Маргарет Тачер во 1982 година, во знак на лична одговорност поради неуспехот на неговото Министерство на време да дознае за аргентинскиот план за инвазија врз Фолкландските Острови, за кои Велика Британија и Аргентина водеа куса војна.

Од 1984 до 1988 година Карингтон беше генерален секретар на НАТО, по што беше пратеник на тогашната Европска унија во дипломатските обиди за запирање на балканските војни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top