Вчера околу 19.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовска Бригада“ откако Р.В. (39) заедно со неговиот внук Ј.А. (18) дошле со возило во близина на плац сопственост на татко на Ј.А., каде биле дочекани од лицето Е.Б. (45) кое почнало да им се заканува дека ќе ги убие и физички го нападнал Р.В.
Потоа напаѓачот од својата куќа во близина земал автоматска пушка по што ја репетирал и им се заканувал на Р.В и Ј.А. кои влегле во возило со намера да си одат. Во еден момент се собрале повеќе граѓани на местото на настанот по што пријавителот и неговиот внук заминале од таму.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст