| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Македонци, пренесувајте ја вистината за нас понатаму

Зборувајќи за македонскиот народ и за неговата борба за остварување на основните човекови права, би сакала да го цитирам Рафаел Лемкин, човекот што го исковал зборот „геноцид” и кој прв ја изготвил Конвенцијата за геноцид, пишува универзитетска професорка Татјана Каракамишева на Фејсбук.

– Општо земено, геноцидот не мора да значи непосредно уништување на една нација, освен кога се остварува со масовни убиства на сите припадници на една нација. Неговата намена е да се означи координиран план за различни дејства насочени кон уништување на основните темели на животот на националните групи, со цел уништување на самите групи. Целите на таквиот план ќе бидат распаѓање на политичките и социјалните институции, на културата, јазикот, националните чувства, религијата и економското постоење на националните групи и уништување на личната безбедност, слободата, здравјето, достоинството и дури животите на лицата кои припаѓаат на такви групи … “. Токму тоа им се случува на Македонците, пишува Каракамишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top