| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка од Кочани уценувана и принудувана на сексуални односи со 46-годишен маж

Дваесетгодишна девојка од Кочани била уценувана и принудувана на сексуални односи од страна на 46-годишен маж.

Според нејзиниот исказ, во периодот од ноември лани до моментот на пријавување на случајот во неколку наврати била уценувана од страна на 46-годишниот М.Л. од Кочани дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина и била присилувана на сексуални односи.

Случајот го пријавила вчера во 20:30 часот во полициската станица во Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top