Поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, денешниот ден го нарече ден на национална жалост, поради тоа што „премиерот Еди Рама во Лондон и отстапил на Грција дел од морето“.
За Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициските демократи, тоа е повторно распарчување на нацијата, по она од 1913 година.
– Пријатели, денеска во Лондон, Едвин Кристаќ Рама, со еден голем чин на национално предавство, заедно со Алексис Ципрас, изврши второ распарчување на албанските територии, по 1913 година, врз основа на договор направен од алфа до омега во Атина. Грција и зема на Албанија 1.200 километри од морската површина, а со тоа и трилиони барели нафта и кубни метри гас, најголемите гасни и нафтени полиња во Медитеранот, напиша Бериша на Фејсбук по веста дека во Лондон ќе се сретнат Рама и Ципрас.
Според овој договор, додава Бериша, Грција ги проширува своите територијални води од шест до 12 километри, додека со другите два соседа, Италија и Турција, таа потпишала за само шест километри.
– Освен тоа денеска во Лондон, Рама ја предаде и понижи честа и достоинството на албанската нација, одлучувајќи да ги избрише зборовите „Чам“ и „Чамарија“ од мапата на земјината топка и како еден од најлудите непријатели во националната историја на Албанците, тој ги погази историја, предизвиците, геноцидот врз напатените Чами и Чамарија, обвини Бериша.
Медиумите во Тирана наведуваат дека Рама и Ципрас на денешната средба ќе се согласат за денот на потпишувањето на договорот со кој Албанија и отстапува дел од Јонско Море на Грција, но дека во тој документ воопшто не се споменуваат Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија, во северниот дел на Грција).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст