Пензионер од Скопје наседнал на измама на две лица кои му зеле 25.000 денари за неколку обични тенџериња, информираше МВР.
Скопјанецот Д.Т. (73) пријавил во полицијата дека бил измамен кога на раскрсницата помеѓу булеварот Партизански Одреди и улицата Франклин Рузвелт бил пресретнат од две непознати лица кои биле со автомобил „Хјундаи”. Тие забележале дека старецот пазарел, па се претставиле дека се претставници на фирма која продава кујнски сетови. Му понудиле да купи „многу квалитени“ производи – тенџериња, актовка со сет ножеви и слично по многу ниска цена. Тој наседнал на измамата и се согласил на понудата.
Пензионерот заедно со нив отишол во неговиот дом да земе пари, а истите го чекале пред влез. Тој им дал 25.000 денари, по што двајцата си заминале, а Д.Т. набрзо открил дека тенџерињата воопшто не биле квалитетни и дека бил измамен.
(извор – Вечер)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст