| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот избегал од колата: 25 илегални мигранти фатени кај археолошкиот локалитет Стоби

Рано утрово во 05.00 часот на стариот пат Неготино – Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, полициски службеници од Полициска страница за граничен надзор “Михајлово” се обиделе да сопрат товарно моторно возило “Рено Мастер” со скопски регистарски ознаки, при што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство.

При преглед на возилото откриени се 25 лица илегални мигранти сите од Пакистан, од кои едно малолетно. Извршен е увид на местото на настанот.

Возилото и мигрантите се предадени во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top