
Полицијата уште утврдува кој го претепал 14-месечното женско бебе, кое сега се лекува на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде што пред неколку дена било примено со сериозни повреди на главата и со стари скршеници на нозете.
– Она што можеме да го соопштиме во моментот е дека мајката на детето е корисник на парична помош на лице што до 18 години имало статус на дете без родители и родителска грижа, таа има само 20 години, била дете без родителска грижа и има сомнежи дека била жртва на насилство додека таткото на бебето е во затвор. – соопштија од Министерството.
На детето веќе му е одреден старател, а социјалните служби не дозволуваат контакт на роднините со девојчето.
Од КАРИЛ потврдија дека детето е во релативно стабилна состојба. Вчера го нахраниле и имало добар апетит. Уште е рано да се каже дали крвавењето во мозокот ќе остави последици врз неговиот натамошен развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


