Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата продолжи и денеска. Во текот на вчерашниот ден извлечени се четири момчиња, односно осум во изминатите два дена, едно беше извлечено во текот на денешниот ден, со што во пештерата останаа уште три момчиња и нивниот тренер.
Денеска е 17-ти ден како групата е заробена во пештерата, која во најголем дел е поплавена. Момчињата се оддалечени речиси четири километри од излезот, а повеќето од нив не знаат да пливаат. Во акцијата за спасување учествуваат нуркачи од разни делови на светот, како и тајландската војска и специјални единици. Акцијата ја отежнува силниот дожд.
11: 40 медиумитре соопштија дека е спасено и деветото детенце
11: 53 Спасено и десеттото момче
Светските медиуми јавија дека е спасено и десетто момче од пештерата во Тајланд. Веста ја потврди и „Гардијан“. Сведокот кој разговарал со новинарите на агенцијата „Ројтерс“, раскажал дека видел како спасувачкиот тим извадил две лица, на носилки, надвор од пештерата.
Извлечено и десетото момче, тренерот и уште две дечиња се следните
12: 19 лекарите ја соопштуваат здравствената состојба на осумте деца
Спасените момчиња се добро, две од нив имаат проблем со белите дробови
12: 32 Дејли Меил објави дека се извлечени единаесет деца
Холивуд подготвува филм за спасувачката акција, продуцентите пристигнаа во Тајланд
Холивуд не губи време, подготвува филм за спасувањето на тајландските деца
Децата и тренерот не се единствените: Уште 4 лица денеска ќе чекаат да бидат извлечени од пештерата
Децата и тренерот не се единствените: Уште 4 лица денеска ќе чекаат да бидат извлечени од пештерата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


