| четврток, 6 декември 2018 |

Спасените момчиња се добро, две од нив имаат проблем со белите дробови

Осумината момчиња кои беа спасени од пештерата во Тајланд се во добра ментална и физичка здравствена состојба, соопштија владини претставници. Тие биле подложени на медицински третмани, две момчиња се лекувани поради проблеми со белите дробови. Според информациите, мораат да бидат набљудувани во болница наредните седум дена.

Мисијата за спасување започна повторно утрово, со надеж дека нуркачите ќе ги извлечат сите. Две момчиња и тренерот се се уште длабоко во пештерата. Тие се со нуркачи кои се грижат за нив и доколку овозможат условите, сите ќе ја напушта пештерата и операцијата конечно ќе заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top