| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост

Омразата и насилството не ѝ прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост. Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните.

Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме.

Изразувам сочувство до семејството на младиот Саздовски, нека почива во мир.

Фејсбук статус на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top