| четврток, 6 декември 2018 |

Децата и тренерот не се единствените: Уште 4 лица денеска ќе чекаат да бидат извлечени од пештерата

Ако се оди според планот, до крајот на денот ниту еден член на младиот фудбалски тим нема да биде заробен во внатрешноста на пештерата, меѓутоа четирите деца и тренерот не се единствени кои денеска според планот треба да ја напуштат пештерата.

Шефот на спасувачката мисија рече дека пред нив е тешка задача, зошто освен децата и тренерот на површината треба да се извлече и лекарот и уште тројца нуркачи кои се наоѓаат во пештерата заедно со членовите на фудбалскиот тим.

– Првиот ден ни требаа 11 часа, вчера 9, а денеска се надеваме дека тоа ќе го направиме за исто време како и вчера, или побрзо, рече тој.

Инаку, вчера утро почна акцијата за спасување на преостанатите заробени во пештерата на северот од Тајланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top