| четврток, 6 декември 2018 |

Здравствена политика на СДСМ: Најкавлификуваната акушерка отпаѓа, работата ја доби последнорангираната

Во последниот период се поактуелни се вработувањата во јавните здравствени установи, како и покачувањето на платите. Меѓудругото, надлежните наведуваат дека целта е да се задржат во здравствените установи во земјава, односно да не заминуваат од Македонија.

Но, што се случува во реалноста. На оглас за вработување на акушерки во болницата во Кичево се констатира злоупотреба ако се погледне листата на кандидати, како и одлуката за вработување.

Имено листата на која се рангирани кандидатите, а не била објавена, односно ставена на увид, прворангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена, иако има многу помалку бодови од првата на листата.

 

 

Првата има 88 бодови, а последната 37,83 бодови.

Како што информираат упатени во постапката за избор на лица кои би биле примени, со кандидатите воопшто не е направено интервју, или единствен критериум е успехот.

 

 

Истите извори велат дека последната кандидатка не е со соодветно образование, се претпоставува дека и останатите примени не се со соодветна квалификација за огласеното работно место, акушер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top