Дел од македонските медиуми објавија дека викендов во скопската населба „Бардовци“ се одржала геј-свадба. Според написите, младоженците биле момче од Скопје и неговиот избраник од Австралија со македонско потекло.
Меѓу оние кои биле таму беа споменати фолк пејачката Благица Павловска, водителката Лила Стојановска, а на една објавена фотографија можел да се види и стилистот Владимир Трајковски кој за Вечер прес изјавил дека немало никаква свадба, туку една голема забава.
– Тоа воопшто не беше свадба, туку една весела голема забава. Никој не склопил брак! Се’ што е напишано во врска со тој настан е главно измислено од еден познат новинар кој веројатно и самиот посакал да биде на местото на измислените младоженци…
– Од сето тоа не се измислени единствено имињата дека меѓу гостите биле Благица и Лила, но гледам дека и двете не се расположени за изјавите. Мене најмногу непријатно ме изненади сликата која кружи, а на која сум и јас заедно со моите две другарки. Таа слика не е од таа журка во Бардовци, туку е од еден скопски ноќен клуб, а не од домашната измислена геј-атмосфера, изјавил Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст