| четврток, 6 декември 2018 |

Со товарно возило удрил пешак кај Сарај, па избегал од местото на несреќата

Ноќеска околу 00.10 часот на влезот во с. Сарај – скопско, товарно моторно возило марка “Форд транзит“ со велешки регистерски таблици удрило во пешакот К.Н. (65) од с. Рашче, по што товарното возило го напуштило местото на настанот.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top