| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Ѓоковиќ навива за Хрватска?

Србинот Новак Ѓоковиќ навива за Хрватска, што не им се допадна на Србите. За „Телеграф“ објаснува зошто неговите симпатии се наклонети кон „коцкестите“ и објасни зошто во спортот не смее да има простор за национализам.

-Постојат спортски вредности крај кои сите растеме. Се разбира, секој на свој начин се однесува кон нив. Многу е важно влијанието на средината во која сте израснале и во која живеете и влијанието на луѓето кои се околу вас, како и образованието со кое сте се стекнале. Спортот зборува на „универзален јазик“. Тој ги брише границите меѓу луѓето, ги надминува расните разлики, националност и вероисповед. Токму тоа е она што ги привлекува луѓето да станат спортисти. Затоа најмладите во спортистите гледаат како на идоли, бидејќи тие минуваат низ искушенија, се жртвуваат, и низ таа „животна борба“ даваат пример како луѓето треба да се постават низ бројните предизвици во животот, вели Ноле кој е голем пријател со неколку хрватски репрезентативци.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги собра симпатиите на Хрватите со честитката за пласманот во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Русија, а хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ му се заблагодари.

Првиот светски рекет во текот на целиот мундијал преку социјалните мрежи им дава поддршка на „коцкестите“, но во прв план изби со реакцијата на објавената фотографија на прегрнатите Ракитиќ и Лука Модриќ на „Инстаграм“.

„Брат покрај брат!!! Покрај тебе задоволство е да се турка оваа топка за нашиот заеднички успех! Те сака братот“, напиша порака Ракитиќ со Модриќ.

Набрзо стигна коментар од Ѓоковиќ: „Браво мајстори! Секоја чест. Само напред!“.

Ракитиќ веднаш му одговори: „Благодарам легендо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top