| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалното ѝ го одзеде бебето на мајката, ОЈО истражува кој му го скршил черепот

Подобрена е здравствената состојба на 14 месечното бебе, кое пред два дена беше хоспитализирано на КАРИЛ со тешки телесни повреди. Детето не е на апарати, но постојано е под лекарски надзор бидејќи имало крварење во мозокот и скршеници на черепот. Лекарите констатирале и повреди со старо потекло кои не биле медицински третирани.

– Некои од повредите се од старо потекло. Донесено е во коматозна состојба. Направени се сите инвестигации и проследена е терапијата. Доколку во наредните 48 часа има подобрување ќе биде префрлено на Детска хирургија. Веројатно се работи за повреди од човечка природа и било повредувано неколку пати, изјави Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

Од вчера попладне социјални служби одредиле старател на детето и роднините немаат право на негова посета. Мајката која исто така имала повреди по телото кога го однела во болница, била контрадикторна во изјавите. Неофицијално, нејзиниот сопруг е во затвор и таа живеела кај негов пријател за кој кажала дека го тепал малото девојче. Од Министерството за труд и социјала велат дека примарна обврска им е обезбедување на целосна грижа и заштита на детето.

Она што можеме да го соопштиме во моментот е дека мајката на детето е корисник на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, стои во одговорот од МТСП.

Во МВР пријавиле лекарите од Ургентен кога го примиле повреденото дете.

Во соработка со другите институции работиме на целосно расчистување на случајот и откако ќе биде расчистен ќе ги информираме соодветно обвинителството и јавноста, вели Тони Ангеловски портпарол на МВР

Случајот го истражува и Обвинителството –

По дадени насоки од Основното јавно обвинителство, Министерството за внатрешни работи интензивно работи за утврдување на идентитетот на сторителот на кривичното дело, како и за обезбедување на релевантни докази кои ќе го поткрепат случувањата на кривично правниот настан, велат од ОЈО.

И додека надлежните истражуваат, од детската амбасада Меѓаши рерагираат дека кај вакви семејства во ризик, мора да се посвети поголема грижа на превенцијата.

-Не смее толку мало дете да е жртва на ансислство, но да погледнеме и кон семејството како системски да го поддржиме, вели Јана Зенговска од Меѓаши

Повреденото дете останува на КАРИЛ а доколку и во наредните 48 часа состојбата му е стабилна ќе биде префрлено на Детска хирургија.

mkd.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top