Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе почне да работи на рамка и правилза за ислам во Франција, јавуваат агенциите.
Во годишното обраќање на заедничка седница на францускиот парламент Макрон рече дека „Франција нема причина да има повеќе проблеми со исламот отколку со која било друга религија“.
Но, рече тој, „постои радикално, агресивно читање на исламот кое ги доведува во прашање правилата и законите на Франција како слободна држава и општество чиишто начела не ги слушаат верските пароли“.
-Исламот ќе се практикува во согласност со државните закони, рече Макрон.
Француските влади со години се обидуваат да сфатат како да се однесуваат со растечката популација крути и радикални толкувачи на исламот во сиромашните предградија со голем процент доселеници. Макрон рече дека „големо мнозинство“ француски муслимани ја одобруваат секуларноста, во која „општеството и државата ги почитуваат верниците, а верниците ги почитуваат општеството и државата која им припаѓа на сите“.
-Затоа, почнувајќи од есента, ќе ја разјасниме таа ситуација давајќи му на исламот рамка и правила за да обезбедиме гаранција дека секаде ќе се практикува во согласност со законите на Републиката. Ќе го сториме тоа со францускиот народ кој ѝ припаѓа на таа религија и со неговите претставници, ветил.
Строгиот француски закон за разделување на државата и црквата и за непостоење хиерархија во сунитскиот ислам на франкуските власти досега им го отежнуваше наоѓањето соговорник, односно организација која би можела да настапи како исламско верско раководство.
Вистинската граница на Европа е онаа која ги дели прогресивните од националистите
-Вистинската граница на Европа е онаа која ги дели прогресивните од националистите. Ќе биде тешко, но борбата е јасно поставена, рече Макрон и најави дека таа ќе биде во фокусот на „европските избори 2019 година“.
Европските избори вгодина се од клучна важност, оцени Макрон, кој се залага за обнова на европскиот проект во насока на „посуверена, пообединета и подемократска Европа“.
-Бидејќи во срцето на секоја голема закана се наоѓа голема можност, во оваа криза ќе го најдеме клучот на европската моќ, европската независност, европската свест за утрешнината, по 70 години мир во кои пречесто ја губевме од вид смислата на Европа, рече Макрон.
Претседател на богатите, арогантен елитист
Зборувајќи за „францускиот проект“ на реформа на Европа, кој се соочува со слабеењето на германската канцеларка Ангела Меркел и со постојан пораст на популизмот, па и во државите-основачи на ЕУ, Макрон рече дека тој проект веќе остварил „реален напредок за кој некои мислеле дека е невозможен“
Францускиот претседател во говорот настојуваше да им одговори на критичарите кои го нарекоа „претседател на богатите“ и го обвинија дека е елитист, арогантен и без допир со народот.
Неговиот 90-минутен говор во многу аспекти беше признание дека се отуѓил од еден дел од гласачите, особено со низата реформи кои одат во прилог на деловниот сектор, но истакна дека биле потребни за да го оживеат стопанството и да ја зајакнат Франција.
-Знам дека не можам се, знам дека не можам да успеам во се, рече пред пратениците поранешниот банкар, кој себеси се нарече „скромен, но одлучен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


