| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца затвореници објавија збирки поезија

„Стихови од една Водолија“ и „Саркофаг“ се две збирки поезија на авторите Жарко Миличевиќ и Исак Хаџи. Куриозитет за двајцата поети е тоа што тие се осуденици во штипскиот казнено поправен дом. Миличевиќ на своето дело првенче посветил околу 3 месеци, а мотив му била личната катарза низ која минувал додека е на отслужување на казната затвор и грешките кои ги сторил за да доспее во казнената установа.

– Oд мал пишувам поезија, уште од VI одделение и ќе продолжам да пишувам. Најголема инспирација ми е љубовта кон животот и љубовта кон непознатото, изјави ЖАРКО МИЛИЌИВИЌ, АВТОР И ОСУДЕНИК НА КПД-ШТИП

Иницијативата за промоција на двете книги во НУБ „Гоце Делчев“ е на рецензентите, кои добиле несебична поддршка од двете институции, во насока на ресоцијализација на осудените лица.

– Со ова сакам да ја поттикнеме локалната заедница да да дадат што е можно поголемо учество, зашто ние сме институција на која и треба поддршка, се со цел да се намали повратништвото помеѓу осудените лица-изјави МИКИ ТОДОРОВ, ДИРЕКТОР НА КПД-ШТИП.

Тодоров додаде дека ова е прв настан од ваков тип, но континуирано ќе ги подржуваат ваквите и слични иницијативи, за да им бидат поподносливи деновите на осудениците во затворските ќелии.

сител.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top