| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија: Авионот на Ким забележан во Владивосток, никој не знае што правел во Русија

Личниот авион на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун забележан е во Владивосток, каде 3 часа бил стациониран на аеродромот па заминал во Пјонгјанг.

Се претпоставува дека Ким бил внатре, но сепак нема докази за тоа, јавува севернокорејската новинарска агенција која го пренесе настанот, повикувајќи се на свои извори.

Изворот навел дека во авионот би можело да бидат и луѓе кои го подготвуваат теренот за посетата на Ким на источниот економски форум.

Во Кремаљ е соопштено дека лидерот на Северна Кореја е повикан на Источниот економски форум, додека пак Путин доби покана за посета на Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top