Првото големо ветување на актуелната македонска Влада минатата година беше дека ќе ја воведат Македонија во Европа. Меѓутоа, крајната цел за Македонија не е формално членство кон ЕУ, туку таа да стане вистинска европска земја со вредности како што се слобода на медиуми, независно судство, активно граѓанско општество, одговорни политчари.
Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на панел сесијата „Иднината на Берлинскиот процес“, во рамки на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, што се одржува во Лондон под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.
– Треба да се фокусираме и подготвено да работиме на тоа. Во првата недела на нашата Влада одлучивме парите од даночните обврзници да не ги користиме во маркетиншки цели, по што медиумскиот пазар целосно се промени, рече Димитров.
Тој оцени дека за владеење на правото треба повеќе време и оти тоа не зависи исклучиво од Владата, туку оти е неопходно да се имаат судии од интегритет, независно судство, Парламент…
– За некои од тие работи ќе биде потребно време, но клучна е политичката волја и ние ја имаме, порача шефот на македонската дипломатија.
Димитров истакна дека без успешен регион, нема ниту успешна Македонија.
Компромисното решение за името го оцени како голема можност за регионот и додаде дека треба да се поддржуваат добрите вести.
Земјите од Западен Балкан мора да се приближат кон стандардите на ЕУ и во целост да ги усвојат европските вредности, бидејќи од тоа зависи успешниот развој на регионот, беше пораката на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на Самитот во Лондон.
Конференцијата се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија), и петте земји-членки на ЕУ – Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија. Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Бугарија, Словенија и Хрватска.
Во рамки на програмата на шефовите на дипломатиите, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


