Британскиот принц Луис, син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, денеска треба да биде крстен на приватна церемонија во Палатата на Сент Џејмс во Лондон. Архиепископот на Кентербери, Џастин Велби, ќе ја води службата во кралската капела во присусрво на најблиските пријатели и семејството.
Велби, кој ќе го крсти детето поливајќи го со света вода од реката Јордан, рече дека настанот ќе биде „многу тензичен, но исто така и голема привилегија“.
Луј е трето дете на војводата и војвотката од Кембриџ и е петти во линијата на наследство на британскиот престол по неговиот дедо Принцот Чарлс, неговиот татко Вилијам и неговите браќа и сестри, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Тој е исто така еден од седумте правнуци на кралицата Елизабета Втора.
Капелата од 16-тиот век, која не е достапна за јавноста, е местото каде што четиригодишен поголем брат на Луис, Џорџ, беше крстен во 2013 година.
Шарлот, која има три години, беше крстена во 2015 година во црквата Св. Марија Магдалена од 16-тиот век на кралскиот имот во Сандрингем во источна Англија.
Луис е роден на 24 април – Денот на Свети Ѓорѓи, националниот ден на Англија – во болницата Св. Марија во центарот на Лондон со тежина 3,8 килограми. Кралските фанатици, кои кампуваа пред болничкото крило неколку дена во исчекување на новото бебе, скокнаа од радост и отворија шампањ кога беше објавена веста за неговото раѓање. Тони Еплтон, градски приврзаник облечен во екстравагантна црвена униформа, ја објави веста од скалите на болницата до толпата поддржувачи и медиумите. Раѓањето беше објавено на екран на врвот на БТ кулата од 189 метри во Лондон, со пораката „Момче е!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст