
Во текот на вчерашниот ден, В.С. (29) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.40 часот била измамена од страна на непознато женско лице.
Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани. Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати.
Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


