| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ: Против Англија ќе мора да внимаваме на прекините и дуел играта

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ беше еден од носителите на играта во четврт-финалето против Русија и заслужено беше избран за играч на мечот. Тој успеа да го реализира пеналот и одигра клучна улога за пласманот на „коцкестите“ во големо полуфинале, фаза од турнирот во која силите ќе ги одмерат со уште еден исклучително квалитетен тим, селекцијата на Англија.

– Ја гледавме Англија и имавме можност да видиме колку се силни. Очекуваме многу тежок меч на кој ќе треба да одговориме најдобро што знаеме, секогаш е така на едно Светско првенство. Ќе се подготвиме најдобро што можеме. Видовме дека Англичаните се најсилни при прекините и дуел играта, ќе мора да се подобриме во тој сегмент бидејќи примивме таков гол од Русија. На тоа ќе треба посебно да внимаваме, тоа е нивната силна страна, вели Модриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top