Во саботата во 19.30 часот на локалниот пат с. Радишани – с. Љуботен, кај местото викано “Ризова чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.З. (21) од Скопје и патничко моторно возило “Мерцедес А“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Ј. (47) од Скопје.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатник на возраст од 17 години од возилото “Фолксваген Голф“, додека со телесни повреди се здобил возачот на “мерцедесот“ Х.Ј. како и двајца негови сопатници на возраст од по 12 години.
Возачот на „голфот“ С.З. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст