| четврток, 6 декември 2018 |

Што изјави мајката на едно од извлечените момчиња (Фото)

Мајката на едно од четирите момчиња што беа ослободени од пештерата во Тајланд, Монгкол Бунпијам, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14-годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа, како и поголемиот дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата, чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“.

Само го слушнав неговото име, Монгкол, и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте прво да го видам“, раскажува мајката на момчето.
Властите не сакаа да ги именуваат децата кои беа спасени, а мајката на Монгкол радосната вест ја дознала од медиумите во Талјанд.

Спасувачката операција ќе продолжи утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top