| четврток, 6 декември 2018 |

Беквалац направи бум на Инстаграм: “Јас сум кралица на тагата и Пирови победи” (видео)

Наташа Беквалац се вратила на она што најдобро го знае и работи и што најмногу сака – музика. За есен подготвува нови песни, а стиховите кои ги објави на Инстаграм, ги заинтригирала следбениците.

Пеачката во еден дел од од песната вели: “Јас сум кралица на тагата и Пирова победа…”

Реакцијата на нејзините фанови, но и сите останати кои ја следат на Инстаграм се одлични. Изгледа дека Наташа навистина им недостасува. За пеачката оваа година беше многу тешка. Пред неколку месеци беше жртва на напад од Лука Лазукиќ од кого ја има ќерка Катја.

После немилите настани Наташа се соочува со судски процес кој е во тек, а враќање на музичката сцена ги уверила сите дека умее да биде јака и кога не е лесно да се биде силен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top