– Германецот Себастијан Фетел со Ферари победи на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 на патеката во Силверстоун и го зголеми водството во генералниот пласман.
Фетел победи пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес. кој во првите километри имаше судир со Кими Раиконен, кој го однесе на последното место по првиот круг, но сепак го извлече максимумот и заврши на второто место. Трет заврши токму Раиконен со второт возило на Ферари.
Трката понуди цврста битка меѓу Ферари и Мерцедес, а на два пати на патеката излегуваше и безбедносното возило.
Фетел со ова ја оствари својата 51-ва победа и сега во Генералниот пласман има 171 поен, пред Хамилтон со 163
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст