Она во што цврсто верувам и ќе се залагам е за политика базирана на христијанска одговорност, рече Мицкоски на говорот по протестниот марш одржан во Струмица. Во исто време социјални, либерални и конзервативни. Ние сме слободна, хумана демократија преку хуман конзерватизам како народна десна партија која слободниот човек го става на прво место, а сето ова мора да е базирано на владеење на правото. Не можеме да се интегрираме во Европа, ако не се интегрираме во Македонија. Не можеме да влеземе во Европа ако не се европизираме самите ние. Не верувајте на новите лаги на Заев дека пари од небо ќе паѓале и само што не сте се збогатиле сите. Се ќе распродадеме и од утре ќе се отворат чешмите и пари ќе потечат. Не е така во Европа. Верувајте во тоа.
-Семејството – мора да биде и да остане основна клетка на општеството. Посилна економија, посилни семејства, посилна држава. Во политиката како држава треба да добиеме се, а не се да даваме и да распродаваме. Јас сум за образование и напредок со носење на светот кај нас, а не одлив на мозоци и стагнација. Слободен човек е мислечки човек, такви луѓе се нашето најголемо богатство. Оттука образованието и науката се клучот на успехот. Партиите не смеат да владеат со Македонија, со Македонија мора да владее, правото Уставот, законите. Никој не смее да биде над тоа.
Правиме 7-годишен план кој значи сигурен развој, вистинска економска револуција,ние на тој начин ќе одгвориме, со економска револуција, која ќе донесе повеќе пари и повеќе инвестиции во сите области. Тоа е вистинскит пат напред, а не шарените лаги за да распродадеме се што некој пред нас стекнал.
Мицкоски побара од десетилјадниот народ во Струмица да верува во себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст