| четврток, 6 декември 2018 |

Двете нозе скршени и хематом на главата на бебето: Претепани мајка и нејзината едногодишна ќерка

Скопјанка и нејзината 14-месечна ќерка вчера најверојатно биле претепани по што побарале лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје. МКД.мк дознава дека кај детенцето биле констатирани тешки повреди, односно хематом и нагмечување на главата, а имало и фрактури на двете потколеници.

Претепани мајка и нејзината едногодишна ќерка од Скопје. Според информациите на МВР вчера биле примени на Ургентниот центар, а кај бебето биле констатирани тешки телесни повреди.

Мајката имала видливи повреди и рани по телото. Неофцијално, жената првично давала конфузни изјави за тоа како настанале повредите, од тоа дека детенцето само паднало, па дека не знаела како дошло до повредите.

Според полицијата, К.М.(20) и нејзината 14-месечна ќерка во 12.30 дошле во Ургентниот ценатар, а лекарите веднаш ја известиле полицијата. Од полицијата велат дека истрагата е во тек и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за откривање на тепачите.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top