| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а околу пладне и попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 19 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 26 степени.

Утре околу пладне и попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително опаѓање на дневната температура. Од вторник следува период на стабилно и потопло време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top