| четврток, 6 декември 2018 |

Колинда пресреќна, мешаше како на свадба (Фото/Видео)

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ е во центарот на вниманието на љубителите на фудбалот во Сочи каде нејзината репрезентација се среќава со Русија во полуфиналето од Светското првенство.

Кога Вида во 100. минута ги доведе “коцкестите” во водство, Грабар Китаровиќ почна да меша пред очите на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и Премиерот на Русија, Дмитри Медведев.

Тие се правеа дека не ја гледаат.

Хрватска вторпат едноподруго реши натпревар на пенали, откако со 4:3 ги елиминираше Русите по возбудливите 120 минути, во кои мечот заврши 2:2. „Коцкестите“ сега ќе се судрат во големото полуфинале против Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top