| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Немам намера да правам компромиси со нашите принципи и ставови

ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел промена на Уставното име, и ова го говорам и во минатото и ќе го говорам во иднина, вели Мицкоски во интервју за „Магазин“. Тој изјави дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласи со овој капитулантски договор на СДСМ.

– Во однос на референдумот ви реков дека предвреме не би ги откривал нашите детали околу дејствувањето но бидете сигурни ќе донесеме одлука којае најмудра за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Јас ќе ви кажам дека немам намера да правам компромиси со нашите принципи и ставови, иако можеби власта го посакува токму тоа, но јас тоа не го дозволувам. Променливи се околностите, и многу работи не се дефинирани на пример кое ќе биде прашањето, каков ќе биде референдумот, кога и дали ќе се распише…Ние имаме план имаме ставови и кога ќе дојде време ќе соопштиме како ќе дејствуваме.

Мицкоски истакна дека формирањето на ДИК не треба да се гледа издвоено од една поголема целина, најпрвин треба да се случат други активности за да биде потоа формирана ДИК.

За учеството во работа на институциите тој вели дека она што оваа власт најсилно го посакува е тоа да опозицијата е надвор од нивната работа, само за да може да им поминуваат штетни закони и одлуки, за да неконтролирано носат решенија со кои не само што ќе го притискаат народот туку и засилено ќе им продолжат криминалите кои се одвиваат зад затворена сцена.

– Нашето присуство таму не значи легитимитет за власта, туку оспорување на нивното самоволие, спротивставување, како и штитење на легитимитетот на граѓаните и нивната волја тие пратеници на опозицијата цврсто да се борат за правата и интересите на граѓаните.

За пратениците, и други политички жртви кои се во притвор и се теретат за дело кое според Мицкоски не постои, тој вели дека се опфатени од едно правно дефектно обвинение, и се жртви на политички прогон на оваа власт и тоа нема никаква врска со правното аргуметирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top