Филипинскиот претседател Родриго Дутерте вети дека ќе даде оставка, ако некој успее да му докаже дека постои Господ. Оваа изјава на Дутерте доаѓа две недели откако ја шокираше јавноста која ја нарече глупава.
Дутерте во говорот, доцна во петокот изјави дека му е потребен само еден човек кој ќе тврди дека бил во рај и разговарал со Бог.
– Ми треба само една личност кој ќе ми каже дека Тој навистина постои. Еве, имам и фотографија со него, имам селфи со Бог. Од толку милијарди луѓе, потребна ми е само една личност. Ако тој постои, дами и господа, веднаш ќе дадам оставка – додаде Дутерте.
Филипинскиот претседател минатиот месец беше мета на критики во својата земја во која доминира католичко население.
Првиот човек на Филипините подоцна ги бранеше своите изјави тврдејќи дека има право да не верува во ниту една религија. Познати се неговите изјави за корупција и сексуална злоупотреба од страна на свештениците. Тој велеше дека бил нивна жртва кога бил ученик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст