Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири остро го нападна поглаварот на ИВЗ за време на седницата посветена на пратенички прашања, велејќи дека Сулејман Реџепи работи незаконски, уште кога пред десетина години застанал на чело на институцијата и тоа со оружје и закани. Зекири вели дека и покрај скандалите кои постојано го следат Реџепи, тој успева да остане на функцијата. Зекири кој е потпретседател на СДСМ јавно од премиерот Зоран Заев побара УЈП, Финансиска полиција и Трудова инспекција да ја прочешлаат ИВЗ.
Борбата помеѓу потпретседателот на СДСМ и ИВЗ секојдневно се вжештува се повеќе. Но, изгледа дека Зекири ја нема целосната поддршка во СДСМ. Во одбрана на ИВЗ и нејзиниот поглавар Сулејман Реџепи излезе претседателот на бордот на директори на Акционеското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени кој секојдневно на својот Фејсбук профил пишува против како што вели ”оние кои што ја напаѓаат ИВЗ” и јавно дава поддршка на Исламскат верска заедница и првиот човек, Сулејман Реџепи.
И едната и другата страна тврдат дека ја имаат поддршката на премиерот Заев. При гостувањето во емисијата Клик Плус на телевизија 21, Зекири на прашање на водителот дали е точно дека и премиерот го дели истото мислење со него и дали стои позади тоа што го кажа Зекири во парламентот, бидејќи водителот како што рече Реџепи во телефонски разговор му кажал „сигурен сум дека Зоран Заев не се согласува со тоа што го збори Зекири“, пратеникот на СДСМ одговори: ”Прашајте го Заев за тоа дали се согласува или не. Господинот Заев е премиер и претседател на партијата, а јас сум подпретседател на таа партија и ние ги делиме истите ставови и принципи”.
Во истата емисија поканет бил и Реџепи не ја прифати поканата. Додека Зекири гостуваше во емисијата на телевизија 21 Исени се пофали како е пријател со поглаварот на ИВЗ. Исени на својот Фејсбук профил објави слика на Фејсбук на која седи заедно на софра со Реџепи. Исени пишува: ”Еве малку материјал за порталите, јас сум ИВЗ ова е моја верска институција Јас сум и јас одлучувам за себе АЈДЕ ПОРТАЛИ НА АКЦИЈА ШЕРАЈТЕ”
Исени исто така постираше и слика со неговиот внук од ИВЗ и напиша: „Ова е мојот внук скопски муфтија, неговото знаење и чесност никој не може да ги извалка и ова јасно да ви е.Повелете, во УЈП кој сака, кај него нема трте мрте, ти го лупа топтан в’лице. Тој е ИВЗ и ние сме ИВЗ, потполна поддршка на скопското муфтивство без дилема. УЈП, финансова, кој сака, ИВЗ е ИВЗ. Поддршка за Ќена Исмаили, целосна поддршка за ИВЗ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст