Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во неговото гостување на Анализа на Телевизија 24 обраќајќи се до Дамјан Манчевски потенцираше дека од СДСМ во минатото излегуваат со изјави дека никогаш нема да прифатат ерга омнес и не се родил тој кој ќе прифати, за сега да гледаме нешто друго и истото го бранат.
– Не знаете што ќе предложите бидејќи вашиот премиер кажува или, или, или потоа ќе биде на овој датум, на оној или оној датум. Ако знаете кое ќе биде прашањето кажете на граѓаните нека знаат. Или можеби ќе биде негативно па ќе сакате да го бојкотирате, истакна Мисајловски
Мисајловски нагласи дека ова е една од најсериозните работи за Република Македонија која ги засега сите граѓани и тие заслужуваат да знаат што е одлучено и кое ќе биде референдумското прашање.
Многу од граѓаните сметаат дека референдумот ќе биде наместен, сепак тие се паметни и знаат како ќе одлучат за референдумот. 75% од граѓаните се против промена на Уставот, вели Мисајловски.
Тој додаде дека граѓаните не гледаат доверба во СДСМ и со право се почесто коментираат дека СДСМ се влада за една употреба со една цел, бидејќи владата една година се остави ништо не работеше освен преговорите со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст