Јас го соопштив својот став за референдум но околностите се променија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавувајќи дека неговата партија се уште нема донесено конечна одлука дали на референдумот ќе гласа против или пак ќе го бојкотира.
„И Извршниот Комитет и Централниот Комитет како и пратеничката група расправаше по однос на содржината на штетниот договор на Заев со Грција и завземавме став дека сме против тоа капитулантско дело со кој се брише името Македонија, се предвидува промена на Уставот и сериозно се задира во менување на идентитетот и откажување од правата на македонските малцинства надвор од границите на Република Македонија, и јас лично можам да ви кажам дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласам со овој капитулантски договор кој преставува еднострано прифаќање на сите грчки барања и ултиматуми.
ВМРО ДПМНЕ во однос на самиот референдум има став кој е соопштен, но воедно гледаме како околностите се променуваат и има многу дилеми како ќе настапиме, што ќе превземеме, дозволете тука да останеме воздржани во соопштувањето на нашите чекори. Променливи се околностите, и многу работи не се дефинирани на пример кое ќе биде прашањето, каков ќе биде референдумот, кога и дали ќе се распише…Ние имаме план имаме ставови и кога ќе дојде време ќе соопштиме како ќе дејствуваме.“ – вели Мицкоски во интервју за Магазин.
Претходно Мицкоски рече дека на доколку се одржи референдум за промена на името, тој ќе гласа против. Неговиот став беше пречекан остро кај десничарското гласачко тело, обвинувајќи го дека на тој начин ќе и помогне на власта референдумот да биде успешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст