Јас се борам да бидам премиер на Република Македонија, онаа во која е роден мојот татко, во која се родија моите деца и во која ќе продолжам да ја градам нашата заедничка иднина. И ова е мое право исто како што е право на секој еден граѓанин. И ВМРО-ДПМНЕ за тоа се бори. Не заборавајте дека оној кој прифатил и го брани тоа да нема повеќе македонско новинарство или македонски медиуми, да нема МАНУ туку академија на науките на Северна Македонија или фудбалска репрезентација на Северна Македонија, има име и презиме и се вика Зоран Заев, тоа треба да е јасно на секој еден граѓанин. Некако преку инсталациите и механизмите на власта целата таа негативна енергија што постои кај обичниот човек сака да се префрли на ВМРО-ДПМНЕ само за да избегаат од одговорноста, но тоа така не оди и нема да успее. Тоа нема да го направи помалку неуспешен Зоран Заев, ниту владата.
Во последно време се шират голем број на дезинформации дека секој оној кој бил против договорот бил и против европската иднина, а се заборава дека и овие од власта кои демек се бореле за европската иднина не успеа да донесат датум за преговори и остана државата да тапка во место и дури по една година ќе се преоценува дали ќе се одреди датум за преговорите. Удирањето во гради и честото спомнување на Европската унија нема да им ја реши домашната задача на владата, а таму единствено што се цени е работа каква не гледаме од владата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Магазин.мк одговарајќи на прашањето дали би сакал да биде премиер на „Република Северна Македонија“.
Мицкоски не сака да открива предвреме детали за дејстввуањето на партијата во врска со референдумот. Тој стои цврсто на ставот дека нема да прави компромиси со принципите и ставовите, иако можеби власта го посакува токму тоа.
Мицкоски во интервјуто вели дека ги поздравува актуелните протести ако нивната цел е противење на договорот за името склучен од Зоран Заев.
-Ако целта на тие протести е противењето на договорот за името склучен од Зоран Заев тогаш имаме заедничка цел и јас истите ги поздравувам. Во исто време не поддржуваме насилство за кое отворено ќе кажам дека е иницирано од инсталации на власта и вметнати наводни протестанти искористувајќи и злоупотребувајќи невини граѓани кои беа цел на насилство минатата недела. Тие луѓе се подбуцнати од структури на власта да предизвикуваат инциденти, полицијата да реагира а сето тоа да се прекрши на грбот на невините граѓани кои излегле со чиста совест и водени од искрена желба да помогнат. На тој начин наредните протести да бидат со помалку граѓани затоа што мнозинството луѓе не поддржуваат насилство и да се пасивизираат во нивниот отпор, па згора на тоа ако може и ВМРО-ДПМНЕ да се обвини за сето ова. Ќе кажам дека ова не е битка за ден или два туку ќе биде долга битка, а ВМРО ќе остане на браникот на интересите и со народот на нашата земја.
Целото интервју на Мицкоски можете да го прочитате ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст